Вести

All Blog Posts

Градоначалникот на Општина Квадарци м-р Митко Јанчев, упати честитка по повот 8 март меѓународниот ден на жената

Градоначалникот на Општина Квадарци м-р Митко Јанчев, упати честитка по повот 8 март меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки,

Во мое лично име, во име на советот и општината, Ви го честитам осми март, меѓународниот ден на жената.

На овој празник произлезен од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените, треба да ја потврдиме нашата решителност, секој ден од годината да работиме за остварување на таа еднаквост.

Жените играат клучна улога во сите делови од животот во општината Кавадарци.

Искрената и берзрезерва поддршка во постојаното развивање на женските права е инвестиција за здраво општество и просперитетна општина.

Кога жените се здрави и обарзовани нивните семејства цутат.

Кога жените имаат можност да работат и да заработуваат како рамноправни партнери во општетството, смејствата им напредуваат.

Кога жените живеат без насилство нивните семејства се хармонични. А кога семејствата се стабилни, стабилни се заедницата и државата.

Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со КОВИД-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. А токму Вие жените денес, со одлучност, храброст, посветеност и мудрост чекорите кон надминување на таа реалност чекорејќи кон здрави и подобро општество.

Тоа е наша заедничка битка што не води кон промените во едно подобро и попросперитетно општество за сите.

Градоначалникот Јанчев им го честиташе празникот и на вработените жени во општинската администрација, при што им подари црвени рози и им посака добро здравје, среќа и успех во работата.

 

Дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори за оние реони каде што недостасува потребниот број на лица

Дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори за оние реони каде што недостасува потребниот број на лица

Почитувани

 

По извршената првична селекција на пријавените пријави на кандидатите кои се пријавиле на конкурсот за попишувачи и инструктори објавен на 23.02.2021 година констатирано е дека во одредени пописни реони не се јавил потребниот број на лица од кои може по нивно тестирање да се изврши избор на попишувачи и инструктори.

Заради наведеното Државниот завод за статистика одлучи да објави дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори за оние реони каде што недостасува потребниот број на  лица.

Во таа смисла утре на 03.03.2021 година во дневните весници на македонски јазик и во Коха на албански јазик ќе биде објавен дополнителниот конкурс. Пријавата на кандидатите ќе трае од 03.03.2021 година до 07.03.2021 година. Принципот на пријавување ќе биде ист, односно пријава, која ќе биде достапна на ВЕБ страницата на ДЗС.

Исто така ќе биде потребно и текстот на конкурсот кој ќе ви го доставуваме да го објавите утре-03.03.2021 година на огласната табла во седиштето на вашиот пописен реон.

Во прилог на оваа порака ви го доставувам конкурсот на македонски јазик, а дополнително денес ќе го доставиме и конкурсот на албански јазик во одредени пописни реони.

Државен завод за статистика.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2021

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2021

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 02/2021

За унапредување на  6  административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 6  (шест) извршители и тоа : 

  1. УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за локален економски развој, Сектор за локален економски развој…………..1 (еден) извршител;
  2. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за планирање и спроведување на јавни набавки, Одделение за планирање и спроведување на јавни набавки, Сектор за јавни набавки …………..1 (еден) извршител;
  3. УПР 01 01 В03 000 Соработник –урбанистички планер, Одделение за урбанизам, Сектор комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина…………..1 (еден) извршител;
  4. УПР 01 01 В03 000 Соработник –ВЕБ администратор, Одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за локален економски развој…………..1 (еден) извршител;
  5. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за управување со човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси…………..1 (еден) извршител;
  6. УПР 01 01 В01 000 Советник за здравствена заштита, Одделение за услуги на граѓани, Сектор за јавни дејности и култура………….1 (еден) извршител.

 

Интерен оглас број 2/2021
Препораки до ѓраѓаните на територија на Општина Кавадарци при надминување на концентрација на PM10 во текот на два последователни дена

Препораки до ѓраѓаните на територија на Општина Кавадарци при надминување на концентрација на PM10 во текот на два последователни дена

Согласно известувањето од Оделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3(надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме :

• Да се користи јавниот превоз,

• Возила да не се користат без поголема потреба,

• Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,

• Правилно да се користат печките за дрва.

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните

Препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Препораки до ѓраѓаните на територија на Општина Кавадарци при надминување на концентрација на PM10 во текот на два последователни дена

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунално уредување реализира проект за проширување на пристапниот пат кон гробиштата во село Ваташа.

Ангажираната оператива на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци денеска работеше на расчистување и проширување на делница од оваа улица. Според проектот постојната улица ќе биде проширена за еден метар, а на критичните места ќе се изградат потпорни ѕидови за стабилизирање на земјиштето и спречување на можно лизгалиште

Проектот има за цел подобрување на безбедноста и пропустната мооќ на оваа сообраќајница чија траса е на угорница.  Се реализира на барање на месната заедница Ваташа.