Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Министерката за образование и наука Мила Царовска во придружба на градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска го посетија среднот стручно училиште СОУ „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци каде се реализира дуално образование по германски модел.

Овде трета година успешно се спроведува дуално образование во соработка со германската компанија „Дрекслмајер“. Учениците кои го завршуваат ова образование имаат можност да добијат сигурно вработување во оваа компанија.

Од говорницата пред учениците од третата генерација како и пред гостите Градоначалникот Митко Јанчев посочи дека ова е добар модел за да се произведат профили кои се бараат на пазарот на трудот. Овој тип на образование истакна тој, создава кадар кој квалитетно и соодветно може да одговори на работните задачи во компаниите.

Министерката за образование Мила Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

Директорот на СОУ „Ќиро СпанџовБрко“, Драги Ташев е задоволен од досегашната соработка со „Дрекслмајер“ и нагласи дека нивното училиште е прво во земјава каде започна да се спроведува дуално образование.

Проектот за дуално образование го поздрави и Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Покрај во кавадаречкото училчиште дуалното образование  се реализира  и во градовите: Велес, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.