37237493_2129657633977547_8861630005487075328_n

4 УЛИЦИ ВО ГРАДОТ СО ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ

Општина Кавадрци воведува  измени во режимот на одвивање на сообраќајот на неколку улици во централното градско подрачје. Согласно измените, четири улици во градот стануваат еднонасочни.

По улицата „Максим Горки“ сообраќајот ќе се одвива во насока од спојот со ул.„Партизанска“ кон спојот со улицата „Илинденска“,

Согласно новиот режим сообраќајот на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ ќе се одвива во насока од спојот со улицата „Браќа Џунови“ кон спојот со улицата „Миле В’чков“.

На улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „7ми Септември“ до спојот со ул. „Браќа Хаџи – Тефови“ сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „7ми Септември“ кон улицата „Браќа Хаџи Тефови“,

 Изменетиот режим на сообраќај на улицата „Ресавска“  се однесува на потегот од спојот со улиците „Тиквешко востание“ до спојот со улицата „Пионерска“. Овде сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „Пионерска“ кон улицата „Тиквешко востание“.

Овој изменет режим на сообраќај се воведува заради поголема пропустна моќ на градските сообраќајници, во функција на полема безбедност на возилата и пешаците.