Администрација

Општина Кавадарци ја остварува својата функција врз основа на Законот за локална самоуправа и посебни закони од други области. Органи на Општината се: Градоначалникот и Советот. Градоначалникот и членовите на Советот се избираат на непосредни, тајни и демократски избори.

За извршување на работите од надлежност на локалната самоуправа, утврдени со закон и Статутот на општина Кавадарци, општинската администрација на општината Кавадарци е организирана во следните сектори и одделенија и територијална противпожарна единица:

  1. Секретар на општина Кавадарци
  2. Сектор за Комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина
  3. Сектор за правни, општествени и општи работи
  4. Сектор за финансиски прашања
  5. Сектор за локален економски развој
  6. Одделение за инспекциски надзор
  7. Одделение за човечки ресурси
  8. Територијална противпожарна единица