Одделение за човечки ресурси

Член 26

 

Одделението за управување со човечки ресурси  ги извршува надлежностите кои се однесуваат на :

-      следење,  проучување и примена на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи;

-      подготвување на Предлог –Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација;

-      подготвување на Предлог-Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, каки и измени и дополнувања на овие акти;

-      унапредување и мобилност на административни службеници и други вработени во институцијата;

-      ажурирање на електронска база на податоци за вработените;

-      водење на персонални досиеја на сите вработени во општинската администрација;

-      водење на евиденција за присуство на работа на вработените, како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и проследување до Секторт за финансии;

-      спроведување на постапка за вработување на административни службеници и вработување на помошно технички лица;

-      координирање и подготвување на Планот за користење на годишните одмори;

-      подготовка на решенија за користење на годишен одмор, боледување, неплатено отсуство и други видови отсуства на вработените во општинската администрација;

-      подготвува решенија за престанок на вработување;

-      го врши пријавувањето на вработените во социјалното и здравствено осигурување;

-      предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;

-      изработка на анализи и информации за  Годишни планови за обука;