Одделение за инспекциски надзор

Член 28

Одделението за инспекциски надзор ги извршува надлежностите кои се однесуваат на инспекциски надзор над вршењето на работите од надлежност на Општината, врз основа на  Закон, во делот на:

-     координација на својата работа со со другите одделенија во рамки на општинската администрација и други дејности од надлежност на општината;

-     инспекциски надзор на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на урбанизмот и просторното планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон;

-     заштита на животната средина и природата, квалитетот на амбиенталниот воздух,

-     комуналните дејности,

-     превоз на патници и патниот сообраќај во надлежност на Општината,

-     утврдување на наплатата даноците на имот  и наплата на комуналната такса;

-     образованието,  основно и средно образование-основни и средни училишта во надлежност на Општината;

-     вршење надзор над примената на Законот за домување;

-     вршење увид на лице место и изготвување записници;

-     донесување решенија во управна постапка за извршен надзор;

-     поднесување пријави до надлежните државни органи.