Сектор за финансиски прашања

Член 13

Секторот за финансиски прашања ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    проучување на законските и подзаконските акти  и прописи од областа на буџетското и материјалното-финансиско работење;

-    изработување, извршување и известување за извршувањето на Буџетот и следење на неговата реализација;

-    изработување на Годишна завршна сметка за извршувањето на Буџетот на општината;

-    изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;

-    изработување на квартални  финансиски извештаи за извршување на Буџетот за тековната година;

-    проучување и реализирање на прописи од областа на финансиско-материјалното, сметководственото и книговодственото работење како и други општи и поединечни акти за реализација на оваа надлежност;

-    управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот;

-    подготовка на стратешки план на општината;

-    измена и дополнување на Буџетот и стратешкиот план на општината;

-    контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот;

-    спроведување ex-ante и ex-post финансиска контрола;

-    подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;

-    подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подготвува Одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно  член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен Весник на РМ “ бр.90/09);

-    благајничко работење;

-    планирање на приходи, нивно утврдување и наплата;

-    изготвување прегледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција;

-    примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;

-    следење и согледување на потребите од набавки во општината;

-    изготвување на годишен план за јавни набавки и негова реализација;

-    стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки, водење  на евиденција и документација во врска со јавните набавки;

-    проучување на законите и подзаконските акти и други прописи од областа на даноците и таксите и се грижи за нивна доследна примена;

-    планирање на приходите, нивно утврдување и наплата;

-    водење на евиденција на даночните обврзници;

-    идентификација на недвижен и подвижен имот;

-    водење на регистар на недвижен и подвижен имот со имиња и адреси на даночните обврзници, вкупна површина и вредност;

-    усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со состојбата на недвижности во геодетска управа;

-    спроведување на постапка за присилна наплата на локални даноци и такси, предлагамерки за нивно унапредување и регистрација на имот;

 

Член 14

Одделението за буџетска координација  ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    координација на процесот на подготвување, изготвување, изменување и дополнување на Буџетот  и на годишни, квартални и месечни буџетски и стратешки планови на Општината и општинските буџетски корисници;

-    координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиско управување и контрола;

-    давање предлози за воспоставување /укинување на ex-ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси во областа на финансиското управување и контрола;

-    задолжително давање на мислење по предлог-актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Општина Кавадарции предлог –актите на другите субјекти кои имаат или може да имаат финансиска импликации за Буџетот на Општина Кавадарци;

-    изготвување на План за воспостување на финсиското упавување и контрола како и методологијата за спроведување на Планот кој ги одобрува Градооначалникот;

-    следење и примена на законската регулатива од областа  на буџетското работење;

-    подготовка на Извештај за реализирани програми и проекти;

-    подготовка на Извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;

-    вршење на самопроценка на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;

-    врши подготовка на Годишниот финансиски Извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола

Член 15

Одделението за буџетска контрола ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    контролирање на извршување на Буџетот;

-    контролирање на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување/надзор над целокупниот процес за финансиското управување и контрола;

-    контрола на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведување ex-ante и ex-post финансиска контрола;

-    вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација/фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и др. и нивна усогласеност со Договорот за јавни набавки;

-    контрола на изготвување на информации и извештаи за извршувањето на Буџетот;

-    контрола на следење и примена на законската регулатив/закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства од областа на финансиското управување и контрола;

-    контрола на расположивоста на планираните средства од Буџетот;

-    контрола на плати во Општината и општинските буџетски корисници;

 

Член 16

Одделението за сметководство и плаќање, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    спроведување сметководствено евидентирање за извршување на Буџетот/финансискиот план и подготвувањето на Годишната сметка и Годишен извештај/билансна состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи;

-    сметководствено евидентирање на основните средства на Општината, евидентирање на наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночно сметководство;

-    буџетското и финансиското известување;

-    заштитата на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;

-    изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски извештаи за Буџетот на Општината и нејзините органи во состав, нејзините корисници согласно законските прописи;

-    ex-ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пропишаните процедури за сметководствените процеси;

-    следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансиското работење;

-    секојдневно водење на благајнички работи;

-    пресметка и исплата на платите на вработените во Општината и општинските буџетски корисници;

-    врши усогласување на состојбите на даночната евиденција, сметководството и евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, придонесите и таксите.

Член 17

Одделението за јавни набавки ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    изготвување на Предлог Годишниот план за јавни набавки на Општината по видови на стоки, услуги и работи;

-    водење на регистар на постапките за јавни набавки;

-    покренување и спроведување на постапките за јавни набавки согласно  Законт за јавни набавки;

-    следење и реализација на склучените договори со најповолните изведувачи;

-    прибирање на банкова гаранција ;

-    врши стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки;

 

 Член 18

 Одделението за администрирање на даноци и такси ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-    утврдување и наплата на даноците на имот;

-    утврдување и наплата на даноците на данок на наследство и подарок;

-    утврдување и наплата на на даноците на данок на промет на недвижности;

-    води регистар за комуналлни такси и други надоместоци и други  регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните такси и други  такси;

-    ја води жалбената постапка на комунални такси;

-    врши  ажурирање на базата на податоци за присилна наплата на такси и други надоместоци;

-    ги следи и применува законските прописи;

-    дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;

-    изготвување Опомени за наплата на неплатен долг за даноците и таксите;

-    изготвува Решенија за присилна наплата за  даноците, таксите и другите надоместоци;

-    редовно ги следи и се грижи заспроведување на Законите и другите прописи од областа на даноците и јавните приходи.