Сектор за Комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина

Член 5             

 Секторот за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина ги врши следниве работи:

-       уредување на просторот,  уредување на градежно земјиште и уредување на земјоделско земјиште;

-       урбанистичко (урбано и рурално) планирање: издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон; одобрение за користење на јавнопрометните површини за поставување на урбана опрема; изложување на предмети, стока, рекламни паноа, билборди и друго.

-       комунални дејности: уредување и организирање  на локалниот јавен превоз на патници,

-       одржување на јавното осветлување,

-       изградба  и одржување на уличната сообраќајна сигнализација од локално значење, изградба и одржување на јавниот простор за паркирање, одстранување на непрописно паркирани возила,

-     одстранување и чување на непрописно паркирани возила, хаварисани возила, земјоделски машини со приклучни и без приклучни орудија;

-     изградба и одржување и користење  на парковите и зеленилото  и рекреативните површини;

-     одржување на јавни санитарни јазли;

-     одржување на јавната чистота и износ на сметот;

-     дезинфекција, дезинсекција , и дератизација на објектите и површините од јавен интерес.;

-     заштита  на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување на загадување на водата, воздухот, земјиштето;

-     спроведување на постапка за легализација на бесправно изградени објекти;

-     снабдување со вода за пиење;

-     одведување и испуштање на фекални и атмосферски води;

-     обработка и депонирање на комунален отпад;

-     собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на опасен и инертен отпад во депонија;

-     уредување и одржување на уредени депонии;

-     прокоп на јавни површини;

-     одржување и користење на пазари на големо и мало;

-     одржување на комунални уреди;

-     уловување, згрижување и ерикација на животни-скитници;

-     украсување на населените места;

-     сечење и складирање на огревно дрво и јаглен на јавни и сообраќајни површини;

-     испорака на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот;

-     изградба, одржување и чистење на речните корита во урбанизираните простори;

-     уредување на гробови, гробишта и давање на погребални услуги;

 

Член 6

Одделението за уредување на градежно земјиште ги врши следниве работи:

 -    предлага иницијативи за подобрување на  состојбите и решавање на проблемите во областа на уредување на градежното земјиште ;

-     учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежно земјиште;

-     ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште заедно со Секторите надлежни за: 1) јавните  набавки,  2) склучувањето на договорите за изградба и одржување на објекти и 3) обезбедување финансиски средства  ;

-     ги спроведува програмите подготвени од другите сектори во рамки на градската администрација во делот на изградбата на инфраструктурни и капитални објект;

-    врши пресметка на надоместок за уредување на градежно земјиште, надоместок за изградба на објекти на земјоделско земјиште, надоместок за легализација на бесправно изградени објекти на градежно и земјоделско земјиште ;

-   предлага утврдување зони на градежно земјиште;

-   подготовка на информации за Е-Влада.

 

Член 7

 Одделението за урбанизам ги врши работите што се однесуваат на :

-   просторното и урбанистичкото планирање во Општината и покренување на иницијативи и предлози за донесување или изменување на Генералните, Деталните урбанистички планови и урбанистичка документација;

-   ја следи реализацијата на урбанистичките планови;

-   подготвува техничка документација за поставување на урбана опрема и објекти од времен карактер;

-   изготвува годишни Програми за урбанистичко планирање за поставување на урбана опрема и за времени објекти;

-   издава одобренија за градба на објекти од локално значење согласно Законот за градење и Законот за изградба на објекти на земјоделско земјиште;

-   врши предбележување, прибележување и упис на новоизградени објекти во Катастарот на недвижности, како и на легализирани бесправно изградени објекти;

-  спроведува процедура за рушење на склонопадни објекти.

 Член 8

Одделението за комунални дејности и заштита на животната средина ги врши работите што се однесуваат  на:

-   изработка на Годишни програми за работа за комуналните дејности поединечно;

-   изградба, реконструкција и одржување на јавното  зеленило, дрворедите, фонтаните и друга комунална опрема оставена на улиците и на други јавни површини;

-   одржување на јавната чистота и износ на смет;

-   се грижи за јавното осветлување на подрачјето на општината;

-   уредување и организирање на локалниот јавен превоз на патници;

-   изградба и одржување на уличната сообраќајна  сигнализација;

-   изградба и одржување на јавниот простор за паркирање;

-   одстранување на хаварисани возила од јавните површини;

-   врши работи поврзани со заштита и унапредување на животната средина и природата;

-   предлага мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето.