Сектор за локален економски развој

Член 19

Секторот за локален економски развој  ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

-      планирање на одржлив локален економски развој;

-      следење и имплементација на законската регулатива од областа на локалниот економски развој;

-     изработка и спроведување на Стратешки и плански документи;

-     следење на националните и меѓународните стратегии и трендови за развој и усогласување на локалните планови со националните и меѓународните ;

-     изработка и предлагање годишни програми за развој на Општина Кавадарци, програма за развој на НВО секторот, Програма за меѓународна соработка, Програма и акционен план за енергетска ефикасност, Програма за информатичка технологија;

-     поддршка на развојот на малите и средни претпријатија;

-     поддршка на претприемништвото на локално ниво,

-     следење и координирање на локалните интереси во склопт на Вардарскиот плански регион,

-     одржување и развивање на соработка со збратимени и пријателски градови.

 

Член 23

                       Одделението  за земјоделство, шумарство, лозарство, винарство и вински туризам, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на :

-       иницирање, организирање и координирање активности кои се однесуваат на имплементација на стратегијата за локален економски развој во областа на земјоделството, лозарството и винарството;

-       поттикнува развој на вински туризам;

-       соработува со странски донатори и фондации во релизација на проекти од локален економски развој;

Член 24

  Одделението за поддршка на мали и средни претпријатија ги извршува надлежностите кои се однесуваат на :

-       создавање база на податоци за мали и средни претпријатија;

-       иницирање, организирање и координирање на соработката со бизнис-секторот;

-       го поттикнува развојот на претприемништвото на локално ниво;

-       поттикнува стратешко партнерство со странски фирми и привлекување на стратешки инвеститори;

-       соработува со странски донатори и фондации во реализација на проекти за локален економски развој.

Член 25

   Одделението за услуги на граѓаните  ги извршува надлежностите кои се однесуваат на :

-       давање помош на граѓаните и правните субјекти за остварување на нивните права од делокруг на надлежности на Општината, како и пред другите надлежни органи;

-       прибирање на барања од граѓаните и правните субјекти;

-       контактирање и координирање со надлежните органи во функција на потребите и барањата на граѓаните и правните субјективо Општината;

-       работи поврзани со слободен пристап  до информации од јавен карактер.