Сектор за правни, општествени и општи работи

Член 9

Секторот за правни, општествени и општи работи ги врши следните работи:

-    следење и проучување на законите и други прописи од значење за локалната самоуправа и изготвување на концепти на прописи и акти од надлежност на локалната самоуправа;

-    подготвување нормативни и други општи акти  од надлежност за Советот и Градоначалникот;

-    врши стручни работи за Советот и Градоначалникот;

-    давање на мислења за усогласеноста на општите акти со законите и со другите прописи;

-    изготвување на договори;

-    застапување на Општина Кавадарци во правните работи и споровите пред надлежните судови и други органи во Репиблика Македонија;

-    организирање  на  активностите во урбаните и месните заедници;

-    подготвување на  седниците на Советот и седниците на неговите работни тела-комисии и врши стручни и административни работи за Советот;

-    ракува со документите на Општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;

-    се грижи за информирање на граѓаните за работата од надлежност на општината;

-    врши административно-технички работи;

-    ја оргнизира работата во образованието и детската заштита;

-    ја следи состојбата во јавните дејности и дава предлози и мислења за унапредување на состојбите во истите.

Член 10

Одделението за правни и општи работи ги врши работите што се однесуваат на:

-    изготвување на Одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот;

-    дава мислења на актите од аспект на нивната законитост;

-    ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;

-    врши стручни и организациони работи за Советот и Градоначалникот;

-    застапување на  општината пред домашните судови

-    организирање на  активностите на облиците на месна самоуправа;

-    ракува со документи на Општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;

-    врши административно-технички работи;

-    одржување на хигиената во работните постории.

 Член 11

Одделението за  општествени дејности ги врши работите што се однесуваат на:

-    предлагање и реализација на Одлуки од областа на образованието, културата, спортот и рекреација,  здравствена заштита, социјална заштита и заштитата на децата во согласност со Закон;

-    организирање културни, спортски и други манифестации;

-    поттикнување на разни специфични форми на творештво;

-    соработување со јавните институции, здруженија и други непрофитабилни организации кои се однесуваат на реализација на различни културни, образовни и слични програми;

-    подготвување програма за негување на обичаите, фолклорот и другите културни вредности;

-    подготвување програма за организирање културни манифестации;

-    подготвување програма за одбележување на настани и личности од значење за Општина Кавадарци со спомен обележје;

-    изготвување анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во основното и средното образование;

-    прибирање податоци и правење анализи на предлозите на училиштата  за запишување на ученици во основното и средното образование.

 

Член 12

Одделението за работи на Градоначалникот и односи со јавноста во рамките на Секторот за правни, општи и општествени работи ги врши работите што се однесуваат на:

-    координирање на активностите на Градоначалникот;

-    организирање на протоколарни и работни средби и состаноци на Градоначалникот;

-    подготвување на материјали и информации за работните средби и состаноци на Градоначалникот;

-    подготовка и организација на службените патувања на Градоначалникот во земјата и странство;

-    организирање на прес конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со Градоначалникот;

-    информирање на медиумите и јавноста за активностите на органите на Општината, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на Општината;

-    изготвување на општински весник, брошури и други документи по прашања од значење за Општината;

-    подготвување соопштенија за јавноста.