Асфалтирање на најоштетениот дел наул.Страшо Пинџур (1)

АСФАЛТИРАЊЕ НАЈОШТЕТЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

На почетокот од работната недал Општина Кавадарци продолжи со градежните активности на реконструкција на нај оштетениот дел од коловозната лента на регионалната улица „Страшо Оинџур“.

Станува збор за обнова на асфалтната подлога на потегот од новата Пошта Ваташа до спојот со улицата „14 Мај“ кај зградите „Силекс“, со вкупна должина од 344 метри.

Општината за овој проект ќе инвестира вкупно 1.382.131,30 денари. Изведувач на работите  е кавадаречката фирма „Урбан Инвест“.

Овој зафат е дел од проектот „Реконструкција и интервенција на локалните патишта за селата Дреново и Возарци, и Асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата: Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ“.

За реализација на овој проект се обезбеденивкупно 14.020.318,08 денари, Парите се од Европската Унија, проекти за рурален развој од програмата ИПА. Проектот го администрира Светска Банка. Општината ќе ги инвестира во подобрување и ревитализација на патната и уличната мрежа во селските населби.