Автор: Општина Кавадарци

Интервију со градоначалникот Александар Панов

Интервију со градоначалникот Александар Панов

Општина Кавадарци ја дели судбината на останатите македонски локални самоуправи кои изминатиот период работеа во услови на изразена политичка криза на државно ниво. Но добар дел од „цехот“ на  таа криза го платиа тие, заради одредби од политичкиот договор. Во такви услови мораа да ја прилагодат работата и да функционираат само во изворните надлежности. Градоначалниците и советите ги извршуваа основните функции, а во другите сегменти од работата општините можеа да ги реализираат само веќе започнатите проекти.

            Во ова издание на весникот реализираме интервију со градоначалникот на Кавадарци г.Александар Панов кој зборува за одразот на политичката криза, за реализираните проекти, како и за актуелната политичка ситуација во Македонија во пресрет на најголемиот национален празник Илинден – 2 Август.

Интервију – градоначалникот Александар Панов
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ  ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

            Општина Кавадарци во склоп на редовната комунална изградба деновиве интензивно работи на реконструкција на делницата од локалниот пат село Возарци-брана ХЕЦ„Тиквеш“. Станува збор за зафат со кој ќе се рконструра дел во должина од 1100 метри на потегот после мостот на Црна Река во правец кон браната.

Оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ согласно проектот на оваа делница работи на коловозна лента од 5,5 метри широчина. Истата беше тампонирана и подготвена за асфалтирање. Деновиве започне поставувањето на асфалтната подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4 600м2. Новата ревитализирана делница од патот ќе има две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, а од  двете страни се поставени банкини со широчина од по 75 сантиметри.

            За оваа намена Општината ќе потроши 4.000.000 денари. Парите се обезбедени Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија претставувана од Министерството за фуинансии и Општина Кавадарци,.

            Се очекува работите целосно да завршат деновиве, по што сите кои го користат овој патен правец ќе ги почуствуваат придобивките од неговата ревитализација.

Освен за жителите на викенд населбите, ревитализацијата на овој локален пат ќе има големо значење и во развојот на алтернативниот,, планинскиот и езерскиот туризам во општината.

Објава број 1/2017 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија  по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

Објава број 1/2017 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 1/2017

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3 2013-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-141/12 од 21.01.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4, В3, Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП за измена и дополнување на ДУП за дел од блок Б Урбан Блок Едвард Кардељ 2014-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-5890/24 од 28.12.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б2,Б4,Б5, В3,В4 Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

Објава број 1/2017
Обновување на хоризонталната патна сигнализација во Кавадарци

Обновување на хоризонталната патна сигнализација во Кавадарци

Општина Кавадарци деновиве врши обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Согласно тендерската постапка, специјализираната фирма „Боита инг“ од Скопје ги обновува белите линии кои ги одбележуваат улиците и зебрите на пешачките премини, а со жолта боја се обновуваат линиите што ги означуваат такси стојалиштата.

Освен улците во градот Општината ќе ја обнови патната хоризонтална сигнализација и на локалниот пат Кавадарци-Ресава на делницата од приклучокот со региналниот пат Кавадарци-Прилеп до селото Ресава.

Годинава на 12 локации: крстосници, кружен тек и пешачки премини, на асфалтната подлога најпрвин беше поставена црвена бојаво првоаголна форма којапослужи како основа за нанесување назбри со белабоја.

На овој начин стручните служби од општината започнаа со примена на искуства од странство. Црвената подлога на пешачките премини есодвојна намена, прво како пдолога која го продолжува векот на трањеа набелите линии, апотоа и какодополнителен визуелен ефект којдава поголема видливост на пешачкиот премин.

Заради побезбедно извршување на работите, фарбањето севрши во ноќнитечасови кога интензитетот на сообраќајот е минимален.

За оваа цел Општината набави 4 тони боја, за што се инвестирани 494.086 денари. За работна рака за фарбање ќе се потрошат 470.000 денари.

Општината со новиот приод кон нанесување на бојата очекува продолжен век на користење, а пред се подобрување на безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

260.000 ЕВРА, ИПА ГРАНТ ОД ЕУ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА  КАВАДАРЦИ

260.000 ЕВРА, ИПА ГРАНТ ОД ЕУ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија претставувана од Министерството за фуинансии и Општина Кавадарци, склучија договор за грант до 260.000 евра. Овие пари Општина Кавадарци ги наменува за реализација на два инфраструктурни проекти  со кои се подобруваат општинските услуги во локалната патна мрежа, како и во уличната мрежа во руралните населби.

Првиот проект се однесува за реконструкција и интервенции на локалните патишта за селата Дреново и Возарци, додека вториот проект е за  асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата: Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ.

Деновиве во завршна фаза е реконструкцијата на делница од локаланиот патен правец Кавадарци.с. Дреново во должина од 1 031 метри. Се реконструира потегот од спојот на локалниот пат со региноалниот патен правец Кавадарци-Прилеп Трасата води по старото прилепско џаде до првата угорница кон село Дреново.

Согласно првиот проект се работи и на реконструкција на делница од локалниот пат Возарци – брана ХЕЦ „Тиквеш“ во должина од 1 150 метри.

Што се однесува до намената на гранотвите сретства од Европската Комисија наменети за реконструкција на улици и тротоари во селата, со овој проект се опафтени асфалтирање на улици во Ваташ во вкупна должина од 544 метри, полпчување на улици во селата Марена, Дреново и Сопот со вкупна должина од 646 метри, како и поплочување на тротоари во селата: Марена, Сопот и Глишиќ со вкупна должина од 566 метри.

Согласно спроведената тендерска постапка по правилата на Светска банказа за овие проекти од европскиот грант ќе бидат потрошени 11.881.625 денари.

Откако ќе се реализира целосно проектот, тоа ќе значи подобрување на условите за живеење во овие кавадаречки села и тоа со дирекнта помош на граѓаните  на Унијита.