Автор: Општина Кавадарци

Градоначалникот Панов упати честитка по повод Рамазан Бајрам 2016 година

Градоначалникот Панов упати честитка по повод Рамазан Бајрам 2016 година

Почитувани,

сограѓани, припадници на муслиманската вероисповест, Без разлика на вашата етничка припадност, дозволете ми Во мое и во името на граѓаните на општината Кавадарци да Ви го честитам Еден од најсветите исламски празници Рамазан-бајрам.

Ви посакувам празникот да го поминете во радост во хуманост и хармонија со семејството, меѓу своите пријатели и соседи,. Овие денови на  празнична радост, кога се јакнат вредностите на толеранција и меѓусебно разбирање, нека бидат денови на  општоприфатените хумани човечки вредности.

Празникот Рамазан Бајрам Ви го честитам со најискрени желби за успех. Посакувам токму во овие денови да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална Македонија, во која нашите граѓани христијани и муслимани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и духовен мир, а духовниот мир нека Ви донесе успех во сите полиња и дејности на Вашите животи.

 

Со почит

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Александар Панов

    градоначалник

ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ БЛАШКО ТОЛЕВ

ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ БЛАШКО ТОЛЕВ

Пред бистата  на Блашко Толев, првата жртва на воениот конфликт во 2001 година, денеска во селото Мрена беше одбележана 15 годишнината од неговото загинување.

Делегација предводена од градоначалникот Алексанадар Панов во која беа и претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм пред бистата на трагично загинатиот млад војник положија букети свежо цвеќе.

Почит на Толев му оддадоа и членовите на семејството на Блашко, преставници на АРМ од гарнизонот Криволак, Здружението на борците, како и делегација од Месаната Зедница Марена.

За трагичниот чин на Тетовското Кале, зборуваше претседателот на Месната заедница од с. Марена Митко Камчев. Од денешната комеморација, произлезе заедничкиот предлог на градоначалникот Панов и месната заедница, главната улица во селото да се преименува во улица Блашко Толев. Предлогот ќе биде даден на расправа на првата наредна седница на Советот на општината.

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

МОТО КЛУБОТ „ТИКВЕШ РАЈДЕРС“ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов неполни 24 часа по големиот настан приреди приием за делегацијата на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ кој беше организатор на Мото средбата на мото клубовите од Македонија.

Кавадаречките моторџии му подарија на градоначалникот маица во рамка како знак на сеќавање за на настанот кој позитивно го разбранува Кавадарци. Заблагосдарувајќи за честа Панов посочи: „Конечно неколкуте средби на раководството на клубот со мене се претворија во реализација на еден убав проект, за кој се надевам дека ќе прерёасн во традиција. Овојпат го исправивме пропустот од пред две години и на Кавадарци му го подаривме ангажманот на нашиот мото клуб. Моторџиите од Македонија на споменикот на 12 Младинци направија еден исклучителен, кспортски,културно забавен и духовен настан кој меѓудругото го посветивме и на македонската историја и слободарски дух како тројство на Тиквешкото Востание, стрелањето на 12 ваташки младинци и младоста на денешницата. Им изразувам благодарност на кавадаречките вљубеници во моторите и посакувам ова да биде традиција и афирмација на Кавадарци како град на младоста и спортот. Ёова беше извонредна можност да се разбие стереотипот за моторџиите. И тие се нормални луќе со морал и културан, но од обичните се разликуваат само по нивната стратс кон моторите“.

Драган Петров-Гаго во името на мторџиите се заблагодари на разбирањето од градоначалникот и општината и притоа  потенцираше дека на „Моклиште“ и низ Кабвадарцци за два дена протатнеа над 1000 мотори и моторџии од 18  мото клубови од Македонија што само посебе потврдува висок рејтинг на кавадарчани меѓу нивните колеги од републиката.

ОПШТИНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБУКА ВО ИТАЛИЈА

ОПШТИНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБУКА ВО ИТАЛИЈА

Делегација од Општина Кавадарци предводена од раководителот на Секторот за локален економски развој Тодор Ефремов, во која беа и Даниел Чолакоски и Сашо Мошев во периодот од 23 до26 јуни учествуваше на семинар-обуката во италијанскиот град Леука во рамките на проектот NOT GAP, финансиран од ЕУ по програмата Европа за граѓаните. Општина Кавадарци е партнер во истиот проект заедно со други 13 општини од европскиот континент. Цел на проектот е да се разбере подобро концепцијата „европски граѓани” и директно да се придонесе кон конструкција на иднината на ЕУ.

Делегацијата надвор од редовните активности оствари низа контакти со колеги од повеќе други европски општини. На средбите беа договорени почетни активности и чекори како потенцијал за идна соработка на повеќе полиња.

Кавадаречките претставници успешно ја завршија проектната обука која се состоеше од запознавање на европските партиципаторни алатки за поголема вклученост на граѓаните во европските процеси. Во исто време нашата делегација на видео бим ги претстави карактеристиките на нашата општина и ги презентираше потенцијалите на Тиквешкиот регион.

ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

ИНТЕГРИРАНО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО

ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

 Инсталација: Производен погон за производство на вибропресувани префабрикувани бетонски елементи.

Локалитети:с.Марена, општина Кавадарци

Инвеститор: АС МАШИНИ ДООЕЛ, увоз – извоз Кавадарци

Доставување на Б- интегрирана еколошка дозвола