Автор: Општина Кавадарци

19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

Општина Кавадарци преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на  Кавадарци, во рамките на своите програмски активности по четврти пат ќе го реализира проектот ,,Летен камп Михајлово“.

Почнувајќи од утре 29 јули, заклучно со 5 август 2015 година, 19 деца од основните училишта од Општина Кавадарци ќе престојуваат на летен одмор во Михајлово на Кожув Планина.

Станува збор за деца кои покажуваат добар успех во учењето, но доаѓаат од социјално загрозени семејства кои немаат можност да ги пратат на летен одмори или во кампови. Од тие причини Општината во соработка со бизнис заедницата сака да ги награди овие ученици со седум дневен престој во оморалиштето  Михајлово.

Костадинка Лалкова секретар на Советот за Превенција од малолетничко престапништво изјави: „Изборот на децата кои ги исполнуваат критериумите го извршиа стручните служби во училиштата преку педагозите и психолозите. Таа напомнува дека „Целта на Советот за превенција со реализирањето на овој камп е да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности  и,  да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех, со што се надеваме дека и кај другите деца и ученици ќе поттикнеме да го следат нивниот пат“.

Покрај општината Кавадарци организацијата на „Летниот камп Михајлово 2015“ година финансиски ја потпомогнаа уште седум кавадаречки фирми и поединци.

Конкурс за доделување на Награда “7  Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Конкурс за доделување на Награда “7 Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Награда “7ми Септември” (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.26/2003 год.)

 

Општина Кавадарци-Локална самоуправа Објавува

 К О Н К У Р С

За доделување на Награда “7  Септември”

на град Кавадарци за 2015 година

По повод “7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на награда “7 Септември”.

Конкурс за доделување награда„7 Септември“
Пријава за награда„7 Септември“

 

Измена на работното време на локалната админстрација

Измена на работното време на локалната админстрација

Со одлука на градоначалникот Александар Панов се врши времена промена на работното време на општинската администрација.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.

Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.

Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.

Се информираат граѓаните дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.

„Т’к Так Фест“ македонски демо фестивал

„Т’к Так Фест“ македонски демо фестивал

Единствениот македонски демофестивал „Т’к Так Фест“ кој е под покровителство на Градоначалникот и Советото на општината Кавадарци, ќе се оддржи на 5 септември. „Причината за новиот датум на оддржување на фестивалот кој ја продолжува мисијата на Трајко Каров за промоција на демо бендовите е поклопувањето со традиционалната туристичко-културно уметничка манифестација Тиквешкиот гроздобер 2015“, велат од организациониот одбор на фестивалот, од каде најавуваат дека многу наскоро ќе биде објавен и финалниот лајнап за годинашното издание на кое покрај минатогодишните победници, суперталентираните Chromatic point, ќе настапат уште неколку интересни имиња од кавадаречката, но и од македонската рок сцена.

Поместувањето на датумот на оддржување на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ ќе го пролонгира и датумот за доставување на апликациите за демо бендовите до 28 август. За потсетување, сите демо бендови кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30.000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студиа на еминентни продуценти, треба да ги достават следните податоци:

– кратка биографија за бендот

– линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.

– читко отчукан текст на песните со кои се аплицира на следната e-mail адреса: tk_tak_fest@yahoo.com

Во согласност со програмските определби на фестивалот, Селекторот и Селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.