Автор: Општина Кавадарци

Доделени решанија за вработување на неопределено време во Јавна установа „Локален музеј-галерија Кавадарци“

Доделени решанија за вработување на неопределено време во Јавна установа „Локален музеј-галерија Кавадарци“

Градоначалникот Александар Панов во  неговиот кабинето додели решанија за вработување на неопределено време на шест лица кои досега беа  времено знгажирани Јавната установа  „Локален музеј-галерија Кавадарци“. Станува збор за трансформација на работниот однос на лица кои во изминатите 4 години работеа во музејот со ангажман преку локалната самоуправа.

Со одлука на Владата на Република Македонија, а на барање на општината и музејот беа изготвени решенија со кои шестмина сограѓани го решиа проблемот со вработувањето.

При доделувањето на решенијата, градоначалникот Панов истакна дека со овој чекор Владата во рамките на проектото за вработувања во институциите од културата помогна да се надмине сериозен проблем во кавадаречкиот музеј кој во последните години се соочуваше со одлив на кадар по пат на пензионирање. Ова рече Панов се случи во моментот кога општината изгради нов музеј, а кадрите заминуваа. Така од 10 вработени бројот се сведа само на тројца луѓе кои ги опслужуваа двата објкекти. Но со овој потег состојбата со недостиг на стручен и помошен кадар се нормализира.

Честитајќи им за вработувањето градоначалчникот посака сите тие да го следат примерот на нивниот директор Петре Камчевски кој иако пред пензија, сеуште активно истражува и публикува нови сознанија поврзани со историјата на Кавадарци и Македонија. Им порача да ја искористат таа предност и да го задржат нивото на кавадаречката јавна установа која благодарение и на дрлото на Камчевски се рангира межу прввите 10 институции во Македонија.

Еразмус плус

Еразмус плус

Училиштето „Гoце Делчев“ е дел од програмата „Еразмус плус“, со одобрен проект: „Мисија на куклите – учење низ игра“, кој е дел од акција К2-Училишни партнерства. Во периодот од 26.05.2015 до 30.05.2015 училиштето беше домаќин на земји партнери: Литванија, која истовремено е координатор и апликант на проектот, Холандија, Романија, Италија, Бугарија, Шпанија и Португалија. Во училиштето беа одржани презентации на тема „Образование надвор од училницата“, „Традиционални игри“, како и „Здрава традиционална храна“.

За време на Интернационалната вечер која се одржа во ресторан Ексклузив, секоја земја презентираше своја традиционална храна, која присутните можеа да ја дегустираат. Гостите се запознаа и со убавините и културното наследство на Македонија со посета на Охрид и Скопје. Италијанскиот тим, заедно со координаторот на проектот, Милка Мркева, и наставничката Николинка Илиева, остварија посета на италијанската амбасада во Скопје.

За време на заедничкиот ручек со заменик Амбасадорот Г-н Кандела, кој завршил основно образование во партнер училиштето во Сиракуза, беше разговарано за придобивките и значајноста на овој проект, преку мобилност на наставниот кадар, за приближување кон современ, европски образовен процес. Досега неколку наставници беа на обука во Сиракуза, Италија и Елче, Шпанија, а во текот на наредните две години ќе бидат реализирани уште голем број обуки во земјите партнери во проектот, во соработка со Националната агенција за образование на Р.Македонија.

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена  општина Кавадарци. Во јануари,  февруари и март  наврнаа над 300 литри на метар квадратен, а тоа беше причина под вода да се најдат многу земјоделски површини а водниот талог да направи големи штети.

На работната средба во министерството за земјоделствоприсуствуваше и градоначалникот Александар Панов. Тој информира дека оштетените граѓани што пријавиле штети ќе бидат обештетени, но претходно ќе се вршат дополнителни проценки на штетите. „Во наредните неколку месеци ќе започне постапката за фиксно утрврдување на штетите кои ги имаат на своите земјоделски  посеви земјоделските производители од невремето во јануари и февруари. Потоа ќе започне  првата фаза на обесштетувањее. Општините Новаци, Могила,  Битола и дел од струмичките општини први ќе добијат обесштетување,  бидејќи беа најмногу погодени од невремето. Луѓето треба да бидат подготвени и да соработуваат со комисиите кои ќе вршат проценки,  за да може што попрецизно да се утврди вистинската штета. Прво ќе се обесштетуваат штетите во земјоделството, а потоа ќе се врши обесштетување на мостови, патишта, свлечишта, потпорни ѕидови, односно комунална инфраструктура“ рече Панов.

Од локалната самоуправа апелираат до сите земјоделци да ја искористат можноста да ги осигураат своите посеви од ризик при невреме, бидејќи на тој начин доколку се соочат со штети од невреме ќе добијат обесштетување од осигурителните компании.

Првиот квартал – остварувањето на  буџетот на општина Кавадарци

Првиот квартал – остварувањето на буџетот на општина Кавадарци

Во првиот квартал од 2015 година остварувањето на вкупните приходи по сите основи во буџетот на општина Кавадарци изнесуваат 20% од планираното. Од 1 јануари до 31 март реализирани се приходи во износ од 133.376.046 денари од планираните 666.757.000 денари. Ова го покажува извештајот за извршувањето на буџетот на Кавадарци за првиот квартал од годината кој беше усвоен во рамки на редовната 30-та седница.

Остварувањето на редовните буџетски приходи изнесува 42.011.655 денари или 13,40% од планираното. Приходите од наменски дотации се реализирани со 25,53%, а од самофинасирачки активности 22,91%. Остварени се приходи од донации во висина од 4.381.887 денари или 46,06% од планираните 9.513.000 денари.

Реализацијата на вкупните расходи на Буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал изнесува 121.439.173 денари. Во одно на планираното, или расходите се реализирани  18,21% од планираното.

Продолжува да се реализира програмата за комунално уредување на општина Кавадарци

Продолжува да се реализира програмата за комунално уредување на општина Кавадарци

. Денеска „Изолација“ од Скопје работеше на асфалтирање на две улици. Со нов асвалтен слој се покрија улиците „22 декември“ и „Димитар Влахов“. Се работи за асфалтирање на улици со вкупна површина од 1250 м2 или 370 метри должни. Дебелината на слојот е 5см. Вкупната вредност за овие активности е 900 илјади денари, пари од буџетот на општина Кавадарци.