баскер фест

Баскер фест атракција на 13 и 14 јуни во викендот кој следува

Вистинска баскер фест атракција не очекува на 13 и 14 јуни во викендот кој следува, а во кој на Кавадарци ќе му се случат три манифестации, и тоа Гурмански викенд, традиционалниот баскер фест и за прв пат бела ноќ.

Согласно официјалната програма која во најголем дел ќе се изведува во „Паркот на револуцијата“ наспроти полицијата, свеченото отворање на трите манифестации е закажано за во петок, 12 јуни во 20:30 минути, по што ќе следува и настап на етно групата „Монистра“. Програмата продолжува со настапот на „Акустико Бенд“ кој ќе трае до полноќ, по што на сцената ќе настапат Дејзи бенд, а вечерта ќе заврши со настап на локални диџеи.

Саботната програма исто така започнува во 20:30, но овој пат со настап на „Класико бенд“. Од 22:00 до 24:00 часот присутните ќе имаат можност да уживаат во музиката на групата „Мањифико“, а точно на полноќ ќе започне настапот на етно група од Холандија. Од два часот после полноќ па до раните утрински часови ќе следува диџеј сет од најголемите екс ју хитови.

Викендот завршува со неделното бармен шоу и забава со улични забавувачи, жонглери, улични свирачи, како и со презентации на присутните винарии и дегустирање на гурмански специјалитети.