Денеска се одржа Општински еколошки квиз во Кавадарци

Денеска се одржа Општински еколошки квиз во Кавадарци. Најмладите ќе ја чуваат животната средина

Во организација на општина Кавадарци, Фени Индустри и Еколошкото друштво „Тисовец“ од село Возарци, денеска во Кавадарци се одржа првиот општински еколошки квиз, на кој учествуваа ученици од петто оделение 6 основни училишта од Кавадарци.Како резултата на однапред спроведените училини натпревари меѓу петтите одделениа, беа одредени најдобрите кои како училишна репрезентација учествуваа на завршниот квиз во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“

Најголеми знаења во екологијата покажа екипата на ООУ,,Димката Алгелов-Габерот“ од Ваташа, а второпласирани  беа учениците од ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ инаку во првиот круг од квизот каде се напреаруваа сите шест екипи по дваесетте задолжителни прашања резултатот беше ист сите екипи со максимален број бодови. По што следуваше натпревар со елиминација најпрвин за пласман во полуфиналето на четири екипи па во финалчето каде останаа двете училишта кои го носат името на „Габерот“.

Натпреварувачите се бореа за вредните награди кои ги обезбедија Општината и компанијата  „Фени Индустри“а се состоеа од таблет комјутери за членовите на победничката екипа, како и екскурзија за сите ученици од  одпобедничкото 5б одделение од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа. Квизот го слдеа и заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, градоначалникот Александар Панов и извршниот директор на „Фени Индустри“ Никола Ризов. Инаку во салата на Домот на Културата каде се одржуваше Еко Квиозот присуствуваа голем број ученици од 5 одделение на сите основни училишта, претсавници на образовни институции, раководители на секторот за образование.

IMG_3667 IMG_3671IMG_3658