Донација апарат на гинекологијаДонација апарат на гинекологија

Донација на ЦТГ апарат на гинекологија при Општа болница Кавадарци

Со одлука на Советот на Општината беа одобрени 300.000 денари за набавка на нова опрема за потребите на Општа Болница Кaвадарци.

Советот го задолжи градоначалникот да изврши набавка на таканаречен ЦТГ апарат кој денеска од страна на Александар Панов беше дониран во гинеколошкото одделение на Општа Болница. Градоначалникот Панов при предавањето на новиот апарат изјави: „Пред некое време на иницијатива на д-р Бранко Поповски преку директорот на ЈЗУ Општа болница пристигна до локална самоуправа  ова барање и со одлука на Совет и по спроведената постапка за набвка денеска дојде време да го предадеме овој апарат. ЦТГ апаратот е во функиција на целото одделение, а најмногу во функција на трудниците од Кавадарци. Општина Кавадарци секогаш помагала на општа болница и ЈЗУ Здравствен дом и овој тренд го продолжуваме, како со денешниот ден така и во натамошниот период. Имаме уште неколку други донации за кои ќе проговориме кога ќе заврши постапката“.

Директор на ЈЗУ „Општа болница“ Јордан Ангелевски заблагодарувајќи за општинската помош изјави: „Со општината традиционалнао соработуваме. Општината редовно донира како опрема така и средства  и затоа сме многу благодарни. Денеска добивме апарат ЦТГ, за што сме многу благодарни. И новородените и родилката се контролираат со оовј апарат. Инаку имаме донации и од министерството за здравство електро енцефалограф и електромиограф за нервно одделение“.

Благодарност за новиот апарат изрази и раководителот на одделот гинекологија др Бранко Поповски. Според него со вој апарат кој е наменет за следење на бременоста кај трудниците се обезбедува современа опрема со која ќе може многу попрецизно да се следат одредени фази кај родилките како и во текот на самото породување со цел да се избегнат евентуалните несакани последици.