aleksandar_panov_poseta_sad

Aleksandar Panov visiting USA

Градоначалникот  на Кавадарци Александар Панов на покана од  македонската дијаспора во САД, градоначалникот на Гарфилд Џозеф Билеијн, како и од Миниостерството за култура на Македонија, оствари работна посета на Соединетите Американски Држави во градовите Патерсон и Гарфилд. 

Во овие две општини во државата Њу Џерси има голем број македонски иселеници особено од Кавадарци и Тиквешијата. Во рамките на работниот дел од посетата градоначалникот Панов имаше неколку средби со кавадаречките иселеници бизнисмени, на кои ги запозна нашите и американските граѓани со можностите за инвестирање во Македонија конкретно во Општина Кавадарци. Притоа говореше за забрзаната индустријализација на градот и општината пред се во делот на постојните две како  и на новата економска зона„Телот” каде општината како надополнување на поволностите што ги дава Владата на Република Македонија, на потенцијалните инвеститори им овозможува и низа бенефиции во делот на нејзините надлежности. Како еден од неколкуте позитивни примери на инвестиција на кавадречки иселеници во родниот крај ја посочи реализацијата на проектот на кавадарчанец од САД кој ќе гради станбен комплекс со градинка. Притоа градоначалникот ги образложи сите поволности кои ги дава општината за да се реализира оваа значајна инвестиција.

Панов од градоначлникот на Гарфилд Билеијн на пригодна свеченост доби симбол клуч на градот во знак на пријателство меѓу македонскиот и американскиот народ, што ги симболизира отворените врати за нашите граѓани кои овде претставуваат броен и значаен дел на американската држава, како и заради огромниот придонес на големата македонска заедница од Кавадарци во развојот на економијата и демократијата во САД.

На свеченоста присуствуваше докажаниот пријател на македонскиот народ и македонија  Конгресменот Бил Паскарел. Од него лично нашиот градоначалник  доби  плакета  „Сертификат за специјално признание од Конресот на САД“, што е потврда за огромниот и незаменлив придонес кон заедницата.За посетата Панов вели: „ Имав средба во општина Гарфилд, општина која е збратимена со Прилеп. Бев изненаден од високото признание кое ми го предаде конгременот Паскрел, вистински демократ кој лобира за македонците. На седница на Совет на општина Гарфилд ми беше даден клучот на градот, симболика со која се оддаде почит кон нашите иселеници кои живеат таму“.

На покана од Министерството за култура Панов ја отвори изложбата на ликовниот уметник од Кавадарци Владимир Темков Шефе, во престижната галерија „МС” на 9-та авенија на Менхетн. Изложбата е во рамките на претставувањето на македонската култура и на ликовните уметници од нашата земја пред пошироката светска јавност.