eko_rabotilnica_hotel_feni_kavadarci

Eco workshop in Hotel Feni Kavadarci

Денеска во просториите на Хотел Фени Кавадарци во организација на градоначалникот и Советот на општината се оддржа работилница на тема, ,,Подигање на јавната свест за животната средина на учениците од основните училишта“ во град Кавадарци. Работилницата е по проектот „Локалните заедници во еколошки акции – ЕНВИ“, финансирана од Европската Унија ИПА програма за прекугранична соработка со Грција, а ја спроведува Секторот за Локален економски развој на општинта.

Пред стотина ученици од основните училишта на работилницата најпрво беше извршена кратка презентација на проектот, по што следуваа предавањата. Магистерот по животна средина и независен консултант Александар Ивановски го претстави трудот „Заштита и унапредување на ќивотната средина како неопходен предуслов за одржлив развој. Магисте Ивановски пред младите екологист ја презентираше и темата Вода и водени системи.

Вториот предавач беше Жарко Хаџи-Зафиров консултант/адвокат со темата „Заштита и унапредување на животната средина во Република Македонија- правна рамка, надлежни институции, органи и телаПредавачи ќе бидат еминентни експерти од соодветната област.

Учениците покажаа огромен интерес и се вклучиа активно во дискусиите. На крајото во заклучоците, еден од најбитните беше дека, токму младите се оние кои со текот на годините ќе бидат промотори и носители на екологијата која во 21 век ќе го има главниот збор во заштитата на животната средина и планетата Земја.