18_velosipedisti_Kavadarci

Eighteen cyclists from Cycling Federation of Macedonia arrived in Kavadarci

Осумнаесет велосипедисти од Велосипедската федерација на Македонија денеска пристигнаа во Кавадарци како дел од велосипедската трка која се одржува во повеќе етапи низ земјава по повод одбележувањето на денот на независноста на Република Македонија.

Велосипедистите на градскиот плоштад ги пречека градоначалникот Александар Панов кој нагласи дека е почестен од тоа што во рутата е влезено и Кавадарци.„Спомнавме нешто што возминатиот период не успеавме да го завршиме. Иако возобновивме многу турнири, „Ваташкиот велосипедски меморијал“ не успеавме да го возобнобвиме. Си зедов обврска заедно со луѓето од федереацијата да го вратиме на нивото на кое што беше во време на бивша Југославија“ рече Панов.

Трката е организирана од Велосипедската федерација на Македонија поддржана од Агенцијата за млади и спорт и Републичкиот сојуз на спортови. „Секако дека оваа трка не би се остварила без подршка од локалните самоуправи во општините каде што поминува. Турата започна на 1 септмеври. Дел има натпреварувачки карактер, како на пример првата етапа Скопје – Кичево. Останатиот дел е рекреативен, со цел промоција на велосипедизмот со главна идеја зацртување на картата за етапите за 2014 каде што ќе помине трката следната година. До година трката во целост ќе има натпреварувачки карактер. Федерацијата ќе има за цел да донесе 10-тина држави учесници и десетина домашни екипи“ рече секретарот на Велосипедската федерација, Сашко Ванчевски кој нагласи дека во разговор со градоначалникот на Кавадарци ги воспоставиле почетните контакти за возобновување на трката која опстојуваше 35 години, „Ваташки меморијал“. „Сите ние кои учестувавме на таа трка имаме убави спомени“ рече Ванчевски.

Младите имаат голема желба и професионално да возат велосипед, ни рече денеска селекторот на велосипедската федерација Марјан Пецовски. „Имаме голем интерес од млади велосипедисти во Велосипедската федереација, односно во нашите членки- велосипедските клубови. Тука имаме млади кандидати кои се потенцијални учесници за следната година. Оваа година ја трасираме траката низ Македонија и се надеваме дека следната година со успех ќе ја спроведиме и натпреварувачки.“ рече Пецовски.