????????

Фестивал на вицот и шегата – Дедо цепе бурина

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци и организација на домот на културата Иван Мазов Климе, на 5 јануари на градскиот плоштад се одржа фестивалот на вицот и шегата „Дедо цепе бурина“. Оваа манифестација за Кавадарци стана традиционална, а со тоа и коледе празник кој масовно се слави во центарот на градот. Со песна, оро, греана ракија, вино, коледарски колбаси и скара се славеше како вовед во маалските коледарски огнови. Фестивалот од година во година привлекува се повеќе учесници, љубители на вицот и шегата со што и конкуренцијата станува по голема, а самиот настан поинтересен.

На истиот  годинава учествуваа четворица и сите допреа до награда. Наградите им ги врачи градоначалникот Александар Панов, а нај шеговит беше Мики Виденовиќ кој ја понесе првата награда во вредност од 3000 денари и Златната коледашка, веднаш по него на втората позиција шеговито застана Панче Арсовски со освоени 2000 денари. Третото и четвртотот место со по 500 денари го поделија Алимпие Лазоровски и Ѓоко Лазов.

За жал годинава „Дедо цепе бурина“ помина без минатогодишните победници тајфата на Диме Коцевски од Ваташа, но шегаџии имаше. Коледе на плоштадот во Кавадарци освен со шеги се славеше и со музиката на оркетарот „Дедо цепе бурина“ бендот кој допринесе дополнително загревање на атмосферата. Тука беа виното, греаната, ракија, скарата, коледарскиот оган. Сите кавадарчани кои ја почитуваат и сакаат традицијата и годинава беа дел од фестивалот на вицот и шегата.