javen oglas - elena luka

Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот

Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.

 Јавен оглас за самохрани мајки 

Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.

Критериуми за аплицирање

  • Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
  • Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
  • Државјани на Република Македонија

Опис на поддршката

Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки.  Краен рок за аплицирање е 08  мај 2017.

Јавен оглас