Градоначалник Александар Панов – новогодишно интервју

Последниот ден  од 2014 градоначалникот на Кавадарци Александар Панов во интервију за Кав‘даречки Весник ги сумира резултатите од работењето во годината која завршува.

КВ: Градоначалниче каква е вашата оценка за она што се случуваше во летото годподово кое днеска треба да го испратиме во историјата?

Александар Панов: На половина од втората година од вториот мандат можам да констатирам дека зад нас останува една година која по некои работи би требало бргу да ја заборавиме, но и година во која успеавме да направиме добри работи со цел Кавадарци да се движи напред во својот целокупен општествено политички развој. Најпрвин би посакал никогаш повеќе да не се повтори климатолошки ваква година, во која лозарството и нашите лозари како ивинопреработувачи и покрај сиот труд, на крајот не беа целосно задоволни. Кога конечно немавме проблеми со откупот како резултата на интензивното посредување  помеѓу лозарите и винарите во претходните години, сепак природата и господ ставија рака на тоа и не дозволија реколтата 2014 да ја паметиме по добро. Искрено посакувам овие проблеми да не се повторат во 2015 година.

Што се однесува до резултатите на работењето на општината, оваа година би ја вброил во оние од мојот мандат во кои оценката би била здоволителна и негде во средината. За да ги потврдам овие зборови би направил компарација базирана на бројки и статистика. Во однос на реализацијата на Буџетото, годинава имаме остварено 20 милони денари повеќе во споредба со лани, но сепак тое е за исто толку пари помалку во однос на најуспешната 2011 година од мојот мандат, па сега во однос на неа имаме 20 милиони денари помала реализација. Пред бројките и фактите нема што повеќе да се говори. Но ова е година во која покрај редовните активности во комуналната изградба успеавма да реализираме неколку покрупни проекти кои допрва ќе ги дадат очекуваните резултати. Во оваа насока за мене најзначајна е изградбата на модуларниот паркинг над Паркот на револуцијата на улицата 1Мај. Овој паркинг е зародишот на поголемиот проект кој ќе продолжи да се реализира со почетокот на 2015 година, а е значаен во решавањето на еден од најгорливите проблеми во градот паркирањето.

Неминовно е да се потсетиме дека 2014 беше изборна година. Вонредните парламентарни избори реално попречија во нашето непречено работење, па еден дел од крајната оценка за годината зависи токму и од тој неспорен факт кој правно формално кога има избори секогаш носи негативни последици за нормалното функционирање на општините. Но со ова нималку не барам некакво оправдување, бидејќи сум убеден дека за такво нешто нема потреба. Напротив сакам да потсетам дека оваа година се донесе и Законот за финансијска дисциплина. Токму тој закон со неговите одредби сите локални самоуправи ги ставо во ред, што на крајот е мошне поволно, но нашето прилагодување кон него влијаеше минимално во крајната оценка за годината.

Она што мене особено ми значи е дека годинава сериозно во работењето на локалната самоуправа се почуствуваа ефектите и придобивките од работењето на „Дрекслмаер“ и тоа на повеќе полиња.

КВ: Пред општината е нов предизвик. Што ќе биде преизвик и приоритет во наредната 2015 година.

Александар Панов: Прво што очекувам дена наредната во никој случај не би требало да биде полоша од оваа која денеска ја испраќаме. Напротив, очекувам во многу нешта да биде подобра и поуспешна. Овој оптимизам го базирам на фактот дека не би требало да се случат нешта кои негативно би се одразиле на финансиските случувања во општината. Доколку концесиите функионираат во целосен обем,тогаш нема потреба за загриженост и би имале уште една рекордна година. Во наредната година би требало да стапи во сила новиот Генерален урбанистички план, како основа за целокупниот развој на општината. Тој со неговите урбанистички решенија ќе создаде услови за привлекување на приватните инвеститори со кои по пат на Јавно приватно партнерство ЈПП, ќе можеме да отпочнеме со реализација на значајни проекти како што се: Деловно трговскиот центар, новиот противпожарен дом, како и конечно влегувањето на Лук оил во Кавадарци. Овдека би се релизирале и изградбата на станбен комплекс во близина на УЈП, изградбата на нова автобуска станица, како и уредување на просторот околу новиот суд и изнаоѓање на употребна вредност на истиот. Во 2015 конечно ќе започнеме со уредување на влезот во Кавадарци од страната на Росоман бидејќи новото решение на ГУП овозможува урбанистичка интервенција на тој потег.

Во 2015 во делот на Локалниот економски развој акцентот ќе го ставиме врз таканаречените „грин филд“ инвестиции, а тоа на почетокоѕт од годината ќе се почуствува со ставање во употребна вредност на дел од халите во поранешен „МИК“, како и други објекти каде се предвидуваат неколку стотини нови вработувања. Идната година преку грантови од Светската банка кои преку Владата ќе се насочиме кон развој на руралните средини.

КВ:  која е пораката до граѓаните за 2015 година?

Александар Панов: Посакувам она што беше лошо во 2014, да не се повтори во нареданата. Во 2015 година да ни се случат повеќе добри, многу малку лоши работи. Кавадарци да доживува поголем просперитет за повторно да биде пример во Македонија како мерило за многу други општини и да има многу нови вработувања.

На сите граѓани им посакувам многу здравје успех и просперитет, какои и финансиска стабилност, бидејѓи покрај здравјето таа  е составен елемент на среќата.

Нема ни е честита новата 2015 година, а Божиќните празници да ги поминеме во мир и спокојство.

Срекна нова 2015 година