средба со жителите од Дреново и Возарци

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев на средба со жителите од Дреново и Возарци

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев во рамките на планираните редовни посети на месните и урбаните заедници во општината, вчера доцна попладне беше на средба со раководствата и жителите од МЗ Дреново и МЗ Возарци.

На терен се разгледуваа тековните работи во овие месни заедници. Градоначалникот разговараше и за активностите во иднина и ги слушна потребите и приоритетните работи за овие месни заедници.

На средбата беа присутни и директорот на ЈП Комуналец, служби од секторот за комунална дејност и општинарот од проектот „Мој општинар“ кој е задолжен за овие месни заедници.
Во исто време се разговараше и за планирани проекти за наредната година.

Во наредниот период Градоначалникот г-дин Митко Јанчев ќе оствари средба во сите месни заедници.