Untitled-1

Градоначалникот Панов со честитка за 2017 година

Посакувам многу здравје на луѓето. Бидејќи се наоѓаме во делиактен глобален политички момент, посакувам Македонија и Кавадарци да не се најдат на линијата на интересите на големите сили и да не бидеме монета за поткусурување во задоволувањето на туѓи интереси.

Република Македонија е самостојна и суверена држава која треба достоинствено и сама да си ја гради иднината и институциите. Нормално е како млада демократија и од едната и од другата страна да правиме грешки, но ако Македонија ни е единствената алтернатива изградена на жртвите од историјата, тогаш треба да бидеме максимално сериозни и посветени кон иднината и стабилноста на нашата татковина.

Оваа света земја ја наследивме од нашите предци, а ја позајмивме од нашите внуци.

Токму затоа треба најсериозно да пристапиме кон нејзино зачувување и кон градење општа политичка кохезија, како и за прв пат од осамостојувањето креирање на договор меѓу сите политички чинители за неколкуте стратегиски точки околу кои несмееме да имаме различни ставови.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2017 година , а на православните христијани им ги честитам и престојните Божикни празници.

Да живее Кавадарци, да живее Република Македонија.