2. западен булевар

ИНТЕНЗИВИРАНИ РАБОТИТЕ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

Во рамките на програмата за комунална изградба Општина Кавадарци е во фаза на реализација на проектот за реконструкција на сообраќајницата „Западен Булевар“ која всушност е главниот влез во Кавадарци од северната страна. Според проектот во првата фаза треба да се реконструираат 440 должни метри на сообраќајницата и тоа на потегото од новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“ до спојот на заобиколницата „Кавадарци“, односно со „Северен Булевар“.

Поради интензивирање на градежните работи на дел од улицата „Западен Булевар“ деновиве беше воведен времен режим на одвивање на сообраќајот на делницата од новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“, до спојот со „Северен булевар“. На овој потег сообраќајот се одвиваше конторлирано по едната коловозна лента во двата правци“. Општината со надлежните и Сообраќајната полиција, ги превзеде сите мерки за соодветно одбележување и поставување на патна сигнализација.

Оваа делница според новото урбенистичко решение ќе биде со ширина од 16 метри, а ќе се реализира како булеварско решениа односно коловоз со 4 ленти секоја широка по 3 метри како и тротоар за пешаците од двете страни на булеварот со широчина од 2 метри. Исто така ќе има хортикултурно уредување, а ќе се постават и канделабри за Јавно улично осветлување.  Финансиската рамка за овој проект изнесува околу 20 милиони денари.

Над 2 милиони денари се потрошени само за експропријација. Процес за експропријација на земјиштето се води и за останатата делница до поранешна „Југосуровина“ до каде се предвидува булеварско решение на северниот влез во градот од страната на Росоман.