_DSC0015

ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ ВО ПРОСТОРОТ НА БИЗНИС ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР

Се интензивира изградбата на Бизнис информативниот центар (БИЦ) во Кавадарци. Во него се градат 6 канцеларии и 2 конференциски сали кои ќе бидат дадени како поддршка на новите бизниси и претприемачи и истите ќе имаат шестмесечна бесплатна поддршка од Локалната самоуправа и Регионалната стопанска комора.

Градоначалникот Александар Панов изврши увид на гредежните активности. Локалната самоуправа од Кавадарци го имплементира преоектот за изградба на овој Бизнис информативен центар кој е сместен во поткровјето над градската библиотека во центарот на Кавадарци.

На просториите кои од пред неколу години се во сопственост на локалната самоуправа им најдовме функција, која е нешто најважно во Кавадарци, а тоа е да го претвориме во бизнис-центар, и регионалната Стопанска комора, па и сите други кои имаат потреба од канцеларии да бидат сместени тука и за тоа да не платат ништо, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.

Очекувам овој објект да биде завршен за месец дена и да пресечеме лента. Навистина се работи и во овие студени денови, рече тој.

Панов подвлече дека неодамна биле издадени дозволи за градба, прво на агро-берзата која ќе почне да се гради кога ќе се стопи снегот и во која ќе се вработат околу 20 луѓе.

-Овие денови го потпишуваме и договорот за паркингот каде што минимум 20 луѓе ќе се вработат. Пред неколку дена поднесено е барање и платени се комуналиите за изградба на голем салон за мебел, каде исто така ќе бидат вработени десетина луѓе, и би ја спомнал и Слога која што со помош на локалната самоуправа дојде до објектот кој сега е во завршна фаза и каде ќе се вработат голем број лица, додаде градоначалникот на општина Кавадарци.

Реконструкција на зградата на противпожарната единица, реконструкција на старото училиште во селото Марена, довршување на кејот на реката Луда Мара, продолжување на колекторскиот систем, пешачкиот мост на улица Шишка, реконструкција на улицата Блажо Алексов со изградба на кружен тек, изградба на велосипедска патека, завршување на детската градинка, реконструкција на трибините на градскиот стадион, поставување семафори, се само дел од проектите кои се предвидени за општина Кавадарци во 2017 година.