ИЗВЕСТУВЊЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВО ПОСТАВЕНИ ЛИМЕНИ ГАРАЖИ

ИЗВЕСТУВЊЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВО ПОСТАВЕНИ ЛИМЕНИ ГАРАЖИ

Почитувани :

            Општина Кавадарци  продолжува со акцијата за оплеменување на просторот  во урбаните заедници. Во оваа фаза од проектот општината ќе работи на оплеменување на просторот помеѓу зградите  „Бел Камен“, каде ќе превземе активности за отстранување на лимените гаражи од јавни површини.

            Станува збор за просторот помеѓу улиците: „Западен булевар“ – „Ѓуро Салај“ – „Игман“, каде има диво поставени лимени гаражи.

            За таа цел се известуваат сите иматели на лимени гаражи истите да ги отсранат во рок на 8 дена од денот на објавувањето на ова известување.

            Доколку имателите на лимените гаражи не постапат соодветно на ова известување, лимените гаражи ќе бидат отстранети од страна на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, а надоместокот за отстранување ќе биде на сметка на имателите на гаражи.

Ви благодариме за соработката.

 

 

 

Општина Кавадарци

кабинет на Градоначалник

М-р Митко Јанчев