општина -зграда

ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2017 за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за прифаќање на проектот обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци бр.07-2695/11 од 17.06.2014г. и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за прифаќање на проектот”Обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективно домување” бр. 08-690/10 од 28.02.2017г. oд Совет на Општина Кавадарци и член 5 од Правилникот за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА објавува ЈАВЕН ПОВИК  БР. 1/2017 за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци.

 

Јавен повик бр.1/2017
Согласност за учество