општина -зграда

ЈАВЕН ПОВИК бр.2/2016 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Се повикуваат спортистите, спортските клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, да ги достават до Општина Кавадарци-Локална самоуправа во предвидениот рок.

 Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година, наменети за финансирање на спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ке се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014).

Јавен повик