општина -зграда

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-       млади лица до 29 години со ниски квалификации

-       невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година

-       млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

-       деца без родители и родителска грижа

-       самохрани родители

-       Роми

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-       Неговател/ка за пружење на елементарна помош и грижа за старите, изнемоштените, инвалидизираните и лицата со оштетен вид која опфаќа: Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба; Набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални  потреби; Плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично; Заедничко дружење со корисниците на проектот

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Вишна Ристовска, Претставник на општината за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Велика Мурџевалеска,  Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.