општина -зграда

Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински Карневал 2018 година

Оваа година Тиквешкиот гроздобер ќе се одржи на 7, 8 и 9 ти септември. Општина Кавадарци веќе ги започна подготовките за оваа манифестација. Тиквешкиот гроздобер со својата традиција е од огромно значење за нашата општина. Оваа година се надеваме дека Тиквешкиот Гроздобер ќе го врати сјајот и ќе го претставиме Кавадарци во вистинско светло. Ние како граѓани на Општина Кавадарци можеме и треба да со свој придонес да учествуваме во оваа манифестација и по завршувањето да се гордееме со тоа што сме го постигнале.

 Општина Кавадарци објавува Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински карневал 2018 год. Организаторот ќе биде задолжен за гостопримството и комфорот на учесниците. Право на учество имаат сите лица кои сакаат да настапуваат во групни маски и да го збогатат Винскиот карневал со иновативни идеи во духот на виното и традицијата на Тиквешкиот Гроздобер.

 Поптолнетиот формулар испратете го на следната адреса: opshtina@kavadarci.gov.mk

 

Лице за контакт

Сања Крстиќ 072 307 225

Формулар за пријавување учество 
Public call for volunteers for manifestation      Tikveshki Grozdober 2018 
Application form for participation in the event    Tikveshki grozdober 2018