општина -зграда

Јавен повик за сите СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

Се повикуваат сите СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА КОИ ЖИВЕАТ САМИ, ОДНОСНО СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ГРИЖА, ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА НЕГА КАКО И ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПОДДРШКА да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ Грижа за стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид” како крајни корисници на следните услуги:

 -       Елементарна помош и грижа ;

-       Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба;

-       Набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби;

-       Плаќање на месечни сметки за струја, телефон, вода и слично;

-       Заедничко дружење со лицата корисници на проектот

Корисниците поддржани со Програмата Општинско-корисна работа кои ќе бидат избрани се предвидува горенаведените услуги да ги користат во период од шест месеци.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Општина Кавадарци, Центар за социјална работа Кавадарци и Здружение на слепи лица на град Кавадарци во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Повик за корисници