Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Општина Кавадарци, врз основа на Јавниот Повик за учество во активна мерка ( ОП 2018 Мерка 4.2) – Јавни работи од агенција за вработување на Република Македонија, има потреба од ангажирање општи работници поради што објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Јавниот повик се објавува поради потребата на општина Кавадарци за ангажирање 12 лица, кои доброволно ќе извршуваат активности во правец на:

-          Оплеменување на зеленилото низ градот,

-          Засадување на нови сандици

-          Подигање на нови зелени површини низ градот

-          Средување на јавните зелени површини низ градот

-          Кастрење на вегетацијата

-          Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта

-          Како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации

Времетрањето на ангажманот е 22 дена, кое ќе се регулира со склучување на договор за ангажман. На невработените лица ќе им се исплаќа  400 денари по работно ангажирано лице дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболува

На корисниците на парична помош за времетраење на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните лица потребно е да достават – Пријава, коија од лична карта и копија од трансакциона сметка на следната адреса: Општина Кавадарци ул.Плоштад Маршал Тито бб со назнака за јавен повик За пријавување на 12 кандидати-општи работници или директно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

Рокот за пријавување е 5 дена од датумот на објавување на јавниот повик на веб страната на општина Кавадарци.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за вработување на Република Македонија и анажираното лице.

Јавен повик