1. Над педесет милиони денари општина Кавадарци за кмунална изградба

КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА ВО УРБАНИТЕ И МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ ВО 2017

Над педесет милиони денари општина Кавадарци во буџетот за годинава, има предвидено за реконструкција и изградба на улици низ урбаните и месните заедници.

Неколку проекти се предвидени за Урбаната зедница „Страшо Пинџур“. За оваа урбана заедница се наменети околу 10 милиони денари, а ќе се гради потпорен ѕид на ул. „25 мај“, ќе се реконструираат и асфалтираат улиците: „Домовица“, „Дисанска“, „Рајко Жинзифов“, „Доне Попов“, а ќе се врши пробивање на ул. „25 мај“.

Во УЗ „Ќиро Крстев“ годинава ќе се реконструираат улиците: „Методија Џунов-Џико“, „Струшка“, „Крсте Мисирков“ и улицата „Брушанска“.  И за оваа урбана заедница се планирани околу 10 милиони денари. Планирано е тампонирање на спојот на ул. „Ресавска“ со ул. „Галишка“  и на улиците „Никола Карев“, „Кожуф“, а ќе се пробива улицата „Бабуна. Ова се активности предвидени за урбана заедница „Браќа Досеви“, а планирани се 1,3 милиони денари.

Во УЗ „Браќа Џунови“ ќе се проширува ул.„Страшо Пинџур“ кај вториот тријаголник, а ќе се градат тротоари на улиците „Ќиро Спанџов“ и „Страшо Пинџур“. За оваа урбана заедница планирани се 2,7 милиони денари буџетски средства.

Во Урбаната заедница „Задругар“ ќе се асфалтираат улиците „Јане Сандански“, „Диме Туриманџов’, спој со „9 бригада“ и „Црноречка“, а изградба на тротоари е планирано за улиците „Ѓоре Брушански“, „Кузмано Јосифовски Питу“ и „Народен фронт“. За овие активности во урбаната заедница „Задругар “ ќе бидат потрошени 7,7 милиони денари. Реконструкција и асвалтирање на улицата „Праведничка“, поплочување и изградба на тротоари на улиците: „Страшо Пинџур“, „11 бригада“ и „Браќа Џунови“ споредна се дел од планираните активности за годинава во УЗ „Слога“.

За УЗ „Кула“ се планирани 4 милиони денари, а овде ќе се гради потпорен ѕид на ул.„Партизанска“, ќе се асвалтира паркингот на ул„Кочо Рацин’, а ќе се реконструира и ул. „Орце Николов“.

Ќе се реконструира улицата „4 јули“, а ќе се градат тротоари на улиците: „Словенска“, „Игман“, „Гоце Делчев“ и „Моша Пијаде“.

За Месната заедница Ваташа во програмата за уредување на градежно земјиште се предвидени 3,7 милиони денари. Со овие пари се планира изградба на потпорен ѕид на улицата „Перо Видев“’, а ќе се врши поплочување на улиците „Перо Видев“, „Ристо Ѓондев“ и „12 другари“. Во Ваташа се планира и реконструкција и проширување на последниот мост.

1,6 милиони денари се планирани за МЗ Глишиќ. Овде ќе се изгради потпорен ѕид на ул. „Коле Неделковски“, на оваа улица ќе се изврши и поплочување, а поплочување и изградба на тротоар ќе има и на ул.„27 март“.