2. КОНЦЕРТНАТА САЛА ВО МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО НАПРЕДНАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА

КОНЦЕРТНАТА САЛА ВО МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО НАПРЕДНАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА

На новиот објект од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци интензивно се работи на изградба на концертна сала, како и кабинети за подобро изведување на наставата. Во вторникот на 21 март претставници на УСАИД кои се дел од финансиерите на овој проект извршија увид во градежните работи, а во општината имаа средба и со градоначалникот Александар Панов.

Градоначалникот Панов уште еднаш јавно се заблагодари на УСАИД, но посочи дека оваа фондација која помага во јакнењето на инфраструктурните капацитети секогаш вложува во оние општини каде што и домаќините имаат свои средства. од вкупниот износ. Тој рече дека и во случајот на концертната сала, општината учествува во висина од најмалку 50%, односно со 3 милони денари, УСАИД со 2,3 милиони, а останатите средства до крајните 7 милиони се обезбедени од Министерството за образоваине и наука, како и сопствени средства на музичкото училиште. Тој е задоволен од тоа што во музичкото училиште се создаваат современи услови за настава, а воедно вели, се зголемува и просторниот капацитет на училиштето, со што би можело непречено да се конкурира за истото да прерасне во средно музичко училиште.

Небојша Мојсоски, раководител на проект во УСАИД во изјавата за меидумите нагласи дека  Општината Кавадарци е меѓу оние кои во партнерството со УСАИД се максимално одговорни и транспарентни. Нагласи дека особено е интензивна соработката со образовните институции, а музичкото училиште во Кавадарци е пример за континуирана соработкаблизу 10 години каде резултатите се висливи, изграденото е функционално. Потврди дека и во наредниот период ќе соработуваат со општина Кавадарци и за други проекти, а ќе се работи и на доопремување на концертната сала на музичкото училиште.

Директорот на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, Златко Јованов е задоволен од проширувањето на просториите на училиштето и од можноста да имаат своја концертна сала с о капацитет од 80 седишта, Во склоп на новиот објект има сала за балетскиот отсек, потоа нови кабинети за настава по одделни инструменти, простор за музичка библиотека како и дел за аудио студио.

Во наредниот период, по изградбата на новите простории останува да се конкурира училиштето од основно да прерасне во средно.