Летен камп за деца во Михајлово

Летен камп за деца во Михајлово по шести пат

Шеста година по ред Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци ќе го организира летниот камп Михајлово 2018 година во временскиот интервал од 27.07.-03.08.2018 година.

Целна група на овој проект на Советот се 20 малолетници од основните училишта во Кавадарци на возраст од 12-15 години, со понизок економски статус на нивните семејства, меѓутоа дечиња кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето. 

- Со овој проект Општинскиот Совет за превенција секоја година наградува по 20-тина деца кои доаѓаат од сите основни училишта, а истовремено сака да ги стимулира останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци, ни рече секретарот на Советот Костадинка Лалкова.

На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат програма за работа и планирани завабни активности.

- Оваа година одржувањето на летниот камп „Михајлово 2018“ година го помогнаа: Општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини, до кои што изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, вели Лалкова.

Инаку Костадинка Лалкова секретар на Советот ,и оваа година е најзаслужна.Речиси сама ги обезбеди сите средства за кампот, затоа Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци јавно и се заблагодарува.