2. Македонија во ритамот на Европа (1)

„МАКЕДОНИЈА ВО РИТАМОТ НА ЕВРОПА” ВО 2017 ГОДИНА

Градоначалникот на општината Александар Панов и директорот на манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ Игор Карадаревиќ го потпишаа договорот за соработка, според кој, Општината Кавадарци ќе биде дело од вкупно дваесетте македонски општини кои ќе земат учество во насанот од кој се бираат најдобрите македонски деца таленти.

По потшишувањето на договорот градоначалникот Панов рече дека ова е уште една убава можност на национално ниво да се промовираат талентираните деца од Кавадарци.

Игор Карадаревиќ изјави дека во Кавадарци од старт била прифатена оваа идејa и тоа без резевно од градоначалникот Панов. Истакна дека ова е убава можност талентираните деца да се претстават на националната телевизија МТВ, како и пошироко во Европа, бидејќи настанот ќе биде превземен од уште десет национални европски телевизии.

Веднаш после потшишувањето на договорот, претставниците на манифестацијата имаа работна средба со директорите на основните и средните училишта од Кавадарци. Тие беапоконкретно запознати со целите и начинот на организација на манифестацијата.

Што се однесува до настанот, станува збор за дипломатска детска манифестација, подржана од страна на амбасадорите на Европа и на Европската Унија. Општина Кавадарци е меѓу дваесетте општини: Охрид, Јегуновце, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Гостивар, Дојран, Кичево, Велес, Кавадарци, Свети Николе, Дебарца, Радовиш, Новаци, Крива Паланка, Делчево и Градот Скопје кои што се избрани да бидат учесници на манифестацијата “Македонија во ритамот на Европа” во 2017 година.

Цел на манифестацијата е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранција, рамноправност на полови, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. Манифестацијата секоја година се одрлжува во земјата победник од претходната година.

Во 2017 година ќе се одржи во Скопје, а ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија. Децата кои ќе ja претставуваат својата општина, ќе се претстават со изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина.

Победникот на манифестацијата за 2017 годна ќе биде избран врз основа на гласовите на публиката и гласањето на жирито од општините учесници по пат на CMC. Педесет насто од прибраните средства од CMC гласањето ќе бидат уплатени на сметка на општината победник, како наменски средства во буџетот за болници, училишта, детски градинки, спортски и културни установи и слично.

Децата победници ќе ja посетат земјата чија што Амбасда ja претставувале на натпреварот. Трошоците во целост ќе бидат покриени од страна на организаторот. Манифестацијата е поддржана од Министерството за локална самоуправа заедно со Секретаријатот за европски прашања.