Општина Кавадарци

Младински информативен центар

Многу наскоро Кавадарци ќе го добие својот Младински информативен центар, трет од ваков тип во државата. Проектот во чија реализација најголем удел имаат Општина Кавадарци, коалицијата на младински организации „Сега“ како и здружението на граѓани „Зона“ Кавадарци, ќе придонесе за зголемување на младинското информирање во градот, и тоа на повеќе полиња, почнувајќи од образование, вработување, волонтерство, култура, домување, програми за мобилност на млади, европски програми.

Проекот за отворање на младинскиот информативен центар на последната седница на Советот на општина Кавадарци со 12 гласови „ЗА“ и четири „Воздржани“ ја доби и поддршката од советниците на општина Кавадарци, а деновиве започнаа и работата на реновирање и опремување на просторот.

Младинскиот информативен центар ќе биде лоциран во клубот на Советот за превентива против малолетничка деликвенција, кај првиот триаголник. Целиот објект ќе добие сосема нов лик и подобрени услови кои ќе ги уживаат корисниците на услугите на младинскиот информативен центар и Советот за превентива против малолетничка деликвенција.