Мојот град-мојата Општина“ – Средба на Градоначалникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“

Во рамките на проектот „Заедничка грижа и поддршка на учениците“ денеска во просториите на општина Кавадарци беше реализирана содржина од наставата по предметот Општество, на тема „Мојот град-мојата Општина“.

Домаќин на 60 деца од трето одделени од ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци им беше градоначалникот Александар Панов, а во улога на родител наставник Зоран Јованчев родител на треттоодделенец и актуелен член на Советото на општина Кавадарци.

Учениците со домаќинот прво се дружеа во салата на Советот на општината каде Панов ги запозна со надлежностите, поставеноста и начинот на работа на градоначалникот и на Локалната самоуправа. Во интерактивност децата имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересира. За улогата, значењето, поставеноста и работата на Советото на општината зборуваше родителот наставни Зоран Јованчев.

Децата се интересираа за начинот како се станува градоначалник, кој бил првиот кавадарчанец на таа функција, кога е изградена зградата на општината, колку луѓе работата во неа. Каково училиште треба да се заврши за да се  работи во општината, а пројавиа интерсе и за портретите на петмината кавадречки великани кои се поставени во големата сала на општината.

Во рамките на посетата учениците од „Гоце Делчев“ се запознаа и со просториите во кабинетот на градоначалникот каде добиа дополнителни информации со кои го прошириа своето знаење за Општината, при што се запознаа повеќе со организацијата на општината.

Инаку овие часови градоначалникот Панов ги практикува во изминатите шест години од негиовиот мандат со учениците од сите основни училишта во Кавадарци.

Но сега за прв пат како соработка со Министерството за образование и наука во рамките на проектот „Родителот е наставник, Заедничка грижа за правилно насочување на децата“ чија цел е да се зајакнат врските на релација ученик-родител-наставник, а децата од најрана возраст да се запшознаат со повеќе теми и со различни институции во општеството.

Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“