НАДВОРЕШЕН ЛИФТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЗА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

НАДВОРЕШЕН ЛИФТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЗА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

Лицата со хендикеп од сега ќе имаат полесен физички пристап до сите институциите на системот во Локаланта самоуправа Кавадарци, како и до поголем дел од Подрачните служби на министерствата. Во зградата на општината за таа цел беше пуштен во употреба лифт наменет за оваа категорија на граѓани. Вредноста на проектот Лифт за лица со инвалидидет изнесува милион и 800 илјади денари без ддв, од кои половината ги обезбедува општината, а другата половина УНДП.

Од име на лицата со телесна инвалидност, благодарност до УНДП, до ВПР и Општина Кавадарци посебно за градоначалникот изрази претседателот на Здружението во Кавадарци Михајло Михајлов, кој прв го употребуи лифтот за да се качи на втори кат. Инаку покрај инвалиди, лифтот кој се наоѓа на задниот влез на Општинската административна зграда ке можат да го користат и други лица кои од било кои здравствени причини не можат да се движат по скали.

Градоначалникот на  Александар Панов изјави „Овој објект е во функција на луѓето со посебни потреби. Ова е само продолжување на нашата програма за поддршка на лицата со хендикеп. Ние минатата година пристапивме кон набавка на електронски колички за подобро движење на лицата со инвалидност, а во овој дух би сакал да најавам една добра работа која што е во напредна фаза во преговорите со Дрекслмаер, за прв пат почнуваме со вработување на вакви лица и тоа во приватниот сектор. Она што беше поттик во изминаот период од страна на Владата на Република Македонија, а сега слушам дека по втор пат ќе се објавува оглас за вработување на лица со посебни потреби, тоа го прифатија и од приватниот сектор и се надевам дека во скоро време ќе имаме можност лицата со хендикеп од Кавадарци да се вработат и во приватниот сектор.  Ова не е ниту прв пат ниту втор пат, ова се многу пати кога  УНДП помогнале на општина Кавадарци и навистина од се срце и благодарам на амабасадорката, како на човек кој што верувам е и емотивно врзан со Кавадарци и Вардарскиот плански регион, нагласи Панов. Тој од лично име, од името на граѓаните на општина Кавадарци, а пред се од името на лицата со хендикеп се заблагодари на поддршката секако и на Владата на Република Македонија, затоа што со заеднички сили заедно со локалната самоуправа, се успеа да се изградат неколку објекти за олеснување на животот на лицата со хендикеп.

Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија исто така изрази благодарност за соработката со општините од регионот. „Во име на програмата за развој на Обединетите Нации ми претставува огромно задоволство што сме овде денес во Кавадарци, на третиот ден на партнерствата во рамките на Вардарскиот плански регион во духот на соработката. Еден од темелите не само на Вардарскиот плански регион, нагласи, туку и на Обединетите Нации, е инклузијата на ранливите групи особено на лицата со инвалидност“. Таа изрази задоволство од тоа колку општините од Вардарскиот регион вложија напори да ги срушат бариерите и луѓето со инвалидност да станат еднакви со сите останати во сите сфери на општественото живеење.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев кажа дека ваков лифт е направен и во Велес, во училиштето „Васил Главинов”. „Тоа е само еден дел од целокупната активност на Вардарскиот регион проследен низ сите 9 општини во Вардарскиот регион. Во неколку општини се направија проекти токму за лицата со посебни потреби. Би се надоврзал на амбасадарката дека Вардарскиот регион е лидер во регионот не само за лицата со посебни потреби, ами општо во работењето во сегмент на проекти, во сегмент на подготовки, соработки меѓу сите општини во регионот. Ја користам оваа можност да најавам уште еден проект во соработка со УНДП, центар за лица со посебни потреби во Велес, реконструкција на зграда каде што веќе е сместен најсовремениот центар за слепи лица, комплетно опремен и го пуштивме во употреба пред дваесетина дена. Јас се надевам дека оваа наша успешна соработка ќе продолжи и понатаму“ додаде Чадиев