народна кујна

„Народна кујна“ проект подржан од општина Кавадарци

Годинава општина Кавадарци со сопствени средства ќе го поддржи проектот „Народна кујна“ со цел да ги задоволи потребите од обезбедување на топол оброк за десет стари и изнемоштени лица, кои поради материјална необезбеденост се во исклучително тешка состојба. Ваквата одлука беше усвоена од Советот на Општината на последната 30-та седница. За оваа намена ќе бидат издвоени 173.000 денари за осум месечна подршка на овој проект.

„На овој начин ја подржуваме политиката на развој на социјалната заштита преку обезбедување на топол оброк за стари и изнемоштени лица. Сумата која се издвојува од буџетот на општината ќе се исплаќа на сметка на детската градинка „Рада Поцева“, одговорна за подготовка на секојдневните оброци, а за тоа ќе се склучи и посебен договор“ се наведува во образложението на одлуката.

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Кавадарци ќе ги идентификува десетте нови корисници.

На последната седница беше донесена и одлука за финансиска подршка од 27.600 денари за „Мал групен дом“ за деца социјален ризик  кој работи во склоп на Центарот за социјални работи Кавадарци.