Наши пари наша одговорност

Наши пари Наша одговорност

Градоначалникот  на општина кавадарци Александар Панов, неделава имаше средба со претставници на Советите на Месните заедници од сите кавадаречки села. Тем на состанокот беше запознавање со Јавниот повик за Рурална инфраструктура 2015 година, со кој ќе се финансираат проекти ви рурални средини.

Во своето обраќање градоначалникот Панов ги информираше присутните околу начинот на кој треба да се спроведе целата постапка за распределба на 260.000 евра кои преку Владата на република Македонија ќе бидат поделени на оние Месни заедници кои ќе имаат сериозни и издржани проекти. Притоа информираше дека на негово залагање првичната сума од 130.000 евра  е двојно зголемане врз основа на аргументите дека нашата Општина која е втора по големина во земјава во најголем дел е рурална –ридско планинска. Од тој аспект големиот број на села со огромен економски потенцијал заслужуваат поголемо внимание. Присутните во целост ја поздравија иницијативата и со конструктивни предлози се вклучија во расправата изнесувајќи ги приоритетите на жителите од руралните средини кои би можеле да се финансираат од овој повик.

На состанокот сите присутни месни заедници добиа обрасци за пополнување со предлози, кои од страна на секторот ЛЕР ќе се сондираат, по што ќе се селектираат и за нив ќе се изготват проекти до почетокот на летото пшо што би се пристапило кон нивна реализација.

Проектот  „Наши пари Наша одговорност“ се имплементира од страна на Здружението Чекор кон Европа во соработка со општина Кавадарци  а е финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија.