НАСКОРО ПРООДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ (4)

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект на кој ќе се работи во Општина Кавадарци.  Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Александар Панов потпиша договор  со Центарот за развој на Вардарски плански регион претставуван од раководителот Марко Колев. Вредноста на проектото изнесува околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку стотина метри регулирано речно корито и урбанизиран градски кеј.

После потпишувањето на договорот градоначалникот Александар Панов изјави „Како единствен апликант од Варадарскиот регион беше Општина Кавадарци. Врз основа на тоа беше решено ние да добиеме финансии од Бирото за регионален развој за довршување на кејот до „Брушанскиот мост“. Тоа ќе биде третата и последна фаза во овој период. Над 5 милиони денари се пари од оперативниот буџет на локалната самоуправа, а над 9 милиони пари од Бирото за регионален развој“.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев за извонредна ја оцени соработката со општина Кавадарци и најави нови проекти за во следниот период. „Добрата соработка резултираше со неколку инфраструктурни проекти кои ги имплементиравме на територијата на општина Кавадарци. Вкупниот буџет за овој проект е 15 милиони денари. Со овој проект ќе бидат опфатени 355 метри од кејот на реката Луда Мара. Ќе се постави урбана опрема и осветлување. Во проектот се предвидени и два пешачки моста кои ќе бидат изградени“ информираше Колев.

Советот на Вардарски плански регион ја одржа редовната седница во Кавадарци. Градоначалниците од овој регион имаа шест точки на дневен ред.