НОВ АСФАЛТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

НОВ АСФАЛТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

Општина Кавадарци преку фирмата „Изолација“ од Скопје зврши со асфалтирање на улците од првата група опфатени со програмата за реконструкција на оштетената асфалтна подлога.

На површина од 810м2 е поставен нов асфалт на дел од улицата „Народни херои“. Се работи за ревитализација на нај оштетениот дел од улицата што се наоѓа на влезот на објектот „Снежана“ клон од дестската градинка „Рада Поцева“.

Со реконструкцијата на оваа улица општината ја заврши првата кампања од реконструкцијата на коловозот на неколку улици. Со ова општината создава подобри услови за несметано одвивањер на сообраќајот.

Следува нова кампања за ревитализација на следната група улици кои се опфатени со тендерска постапка за реконструкција.