градски Зелен пазар (3)

НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Од 8 мај 2018 година, градскиот  зелен пазар во Кавадарци ќе работи секој ден освен понеделник.

Воведувањето на новиот работен режим на градскиот пазар наместо досегашните три (среда, петок и недела) на шест дена во неделата (вторник-недела) е донесен со одлука на Советот на Општина Кавадарци.

Промена има и во работното време на пазарот кое сега во деновите на работа ќе биде во периодот од 06:00 часот до 16:00 часот.

Советот на Општина Кавадарци ја усвои и одлуката со која се воведува и нов ценовник според кој продавачите ќе плаќаат за користење на тезгите под закуп.

Градскиот зелен пазар е во надлежност на Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци кое ќе треба да го спроведе новиот режим на работа.

Општината со воведувањето на новиот режим за работа очекува порационална искористеност на градскиот пазар пред се во функција на граѓаните кои традиционално свежите земјоделски производи ги купуваат од зелениот пазар.

 

Општина Кавадарци 

кабинет на Градоначалник

М-р Митко Јанчев