Општина Кавадарци

ОБЈАВА За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09,83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 , 71/16),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ - ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува

ОБЈАВА

За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Линија бр.3

Кавадарци-Шивец-Возарци-Дреново

Линија бр.6

Кавадарци-Страгово-Крњево-Чемерско -Бохула

Линија бр.7

Кавадарци-Страгово-Крњево-Г.Бошава,Долна Бошава,Конопиште –Бојанишка станица

Линија бр.8

Кавадарци-Возарци-Мотел Дреново-Раец

Линија бр.10

Кавадарци-Бојанчишка станица-Мрежичко –Рожден

Линија бр.11

Кавадарци-Возарци-Мотел Дреново –ДебриШте-Трстеник

Линија бр.12

Кавадарци-Раец

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. 1.       Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија

и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;

  1. 2.       Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да

има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;