_DSC0128

ОДБЕЛЕЖАН ЗАВРШЕТОКОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ БИЗНИС ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Во Кавадарци беше промовиран Бизнис информативниот и иновативниот центар кој се наоѓа во централното градско подрачје, на улица 7-ми Септември бр.1 во зградата на  Домот на културата и Библиотека Феткин на 3 спрат, поткровје.

Центарот е изграден и финансиран од програмата за прекугранична соработка IPA 2007-2013, компонента II помеѓу Република Македонија и Република Грција, и националните фондови на земјите учеснички, со цел помагање на развојот на нови бизниси во пограничниот регион и поттикнување на претприемништвото.

Изграден е на површина од скоро 200м2 и располага со следните простории: шест канцеларии опремени со канцелариски мебел и ИТ опрема, две  конференциски сали за опремени за состаноци и презентации, кујна опремена со инвентар и елементи

Канцелариите и опремата се наменети за новите претприемачи, кои ќе отпочнат сопствен бизнис, бесплатно во првите шест месеци како поддршка од општината.

Конференциските сали и опремата може да се користат бесплатно и за потребите на постоечкиот бизнис сектор.

Проектот “Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ акции” е финансиран од програмата за прекугранична соработка IPA 2007-2013, компонента II помеѓу Република Македонија и Република Грција, и националните фондови на земјите учеснички.

Имплементатори на проектот се општина Кавадарци и општина Едеса-Воден од Република Грција, како долгогодишни партнери во реализацијата на проекти од програмата ИПА.

Главната цел на проектот е да ги зајакне инфраструктураните, институционалните и кадровските капацитети за поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион како и да даде: придонес кон локалниот економски развој во Кавадарци и Воден, Поддршка на бизнис секторот, промоција на преприемништвото, придонес кон зајакнувањето на личните капацитети на лицата што сакаат да започнат свој бизнис, Намалување на невработеноста во Кавадарци и Воден, Воспоставување и градење на институционална инфраструктура со изградба на  Бизнис центар.

Заедничките активности од проектот водат кон тоа да се промовираат локалните иницијативи за започнување на сопствен  бизнис преку воспоставување на институционални и интелектуални структури за поддршка на бизнисот и претприемништвото преку воспоставување на линкови од двете страни на границата.

Проектот започна во 2016 година со времетрање од 18 месеци, каде што се спроведоа следните активности во соработка со проектниот партнер: бизнис средби во Кавадарци и Воден со посета на локални компании. Бизнис изложба за промоција на локалните производи од Кавадарци и Воден. Дводневна работилница наменета за учениците од средните школи, на тема како да разработат сопствен бизнис план, како да напишат автобиографија и како да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Работилница за кластерска конкурентост за водење на бизнис Се изработи тројазичен Водич за инвестиции. Се изработија брошури и лифлети со информација за проектните активности

Се изгради Бизнис информативен центар и се опреми со соодветна информатичка и канцелариска опрема.

Ова  е инаку четврти проект кој општина Кавадарци го реализира преку користење на средствата од ИПА 1 програмата на ЕУ.

Општина Кавадарци поради успешната реализација на овие проекти е прогласена и за најуспешна општинаво Македонија кога се работи за користење на ебвропските фондови.