ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913

Општина Кавадарци одбележа 105 години од „Тиквешкото востание“. На скромна свеченост во паркот „Полана“ пред споменикот на жртвите,  букети цвеќе положија градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев, членови на советот на општината и претставници на боречката организација.

Со акценти за карактерот и причините за востанието, пред присутните говореше Марија Михова, кустос-историчар од Музеј-галерија Кавадарци.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Јанчев со пиетет говореше за крвавиот настан од 19 јуни 1913 година кога кавадарчани се спротивставија на тиранијата на српската окупаторска власт во втората Балканска војна. Јанчев притоа подвлече: „Овие настани од јуни 1913 година говорат за едно време во кое Тиквешијата пишувала историја.Тиквешкото востание и по 105 години не потсетува дека храброста е непокорна ппред слободата“.

Млади актери читаа извадоци за автентични случувања од книгата „Тиквешкото востание 1913“ од авторот Зоран Тодоровски.